Компаративна анализа 2009-2012
Оваа компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија дава преглед на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2009-2012 година. За подобро да се согледа темпото со кое Република Македонија се приближува или оддалечува од Европската унија наодите се систематизирани со три бои и тоа:
1) Со стандардна боја и и фонт се обележани новите забелешки од годинашниот извештај;
2) Со задебелен фонт се обележани наодите кои се повторуваат барем во еден од претходните извештаи;
3) И, со розова боја со задебеленфонт се обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и/или повеќе години.
На пример, во поглавјето 23 (Судство и темелни права) за првпат се споменува фактот дека „Сегашниот број на судии (678) е поголем за повеќе од 50% од европскиот просек во однос на бројот на населението, а судскиот буџет е еден од највисоките процентуално во однос на БДП по глава на жител.“ Затоа, оваа забелешка ја обележавме со стандардна боја и фонт. Од друга страна, коментарот: „Огромен дел од рекламните кампањи спонзорирани од Владата се доделени на медиуми кои ја поддржуваат
Владата“, во делот на Слобода на изразување, во Политичките критериуми, е показател дека истиот проблем бил нотиран и лани, поради што е обележан со задебелен фонт. И конечно, со со розова боја со задебелен фонт е обележан
коментарот: „Не е воспоставен формален механизам за соработка меѓу ДЗР и Собранието, посебно во врска со проследувањето на извештаите за ревизија.“, што може да се најде во поглавјето 32 (Финансиска контрола), бидејќи се провлекува во повеќе од два извештаја.