Комапаративна анализа 2008-2012

2acf7bbdf63204d4b5947cae

Компаративна анализа 2008-2012

Оваа компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија дава преглед на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2008-2011 година. За подобро да се согледа темпото со кое Република Македонија се приближува (оддалечува) до Европската унија наодите се систематизирани на следниот начин: со болдирани црвени букви се
обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и повеќе години, со болдирани сини букви се обележани наодите кои се повторуваат во барем еден од претходните извештаи, а со сина боја се наведени новите забелешки од годинава. На пример, кај политичките критериуми во делот за Човекови права и малцинства, каде што се разгледуваат граѓанските и политичките права,
Македонија се соочува со проблеми кои Европската комисија ги нотирала уште во 2008 или 2009 и истите се обележани со болдирани црвени букви (на примерне се постапува по Препораката на ЕП за случајот Ел-Масри). Проблемот „Уредниците и новинарите се соочуваат со зголемен и несоодветен политички притисок и заплашување“ е обележан со болдирани сини букви бидејќи првпат се спомена во ланскиот извештај. Конечно, забелешката „Истрагата околу А1 и подоцнежното затворање доведе до загриженост за пропорционалноста и селективноста на постапката; ослабена е разновидноста на медиумскиот пејсаж“ се
појавува првпат оваа година и затоа е обележана во текстот со сина боја. Оваа компаративна табела ги содржи и задачите од Пристапното партнерство што Република Македонија треба да ги исполни и според кои Европската комисија го цени напредокот на државата. Оттука се добива појасна претстава за тоа која е вистинската динамика на пристапување кон Европската унија.
За првпат годинава во компаративната анализа ги вградивме и нашите согледувања во форма на коментари со надеж дека ќе ви помогнат да создадете своја слика.

Scroll to Top