Поглавје 9: Финансиски услуги

Финансиската криза која ја погоди ЕУ во периодот 2009-2013 година ја наметна потребата од дополнително уредување на различни аспекти во организацијата и функционирањето на финансискиот сектор. Во тој контекст, целта на европското аки во поглавје 9 е да се обезбеди поголема стабилност и отпорност на банките, финансиските друштва и финансиските пазари (осигурителни компании, пензиски друштва, инвестициски фондови, пазари на хартии од вредност итн.) На тој начин се обезбедува заштита на потрошувачите, инвеститорите и осигурениците и се зајакнува довербата во системот како основа за негово правилно функционирање.

Поглавје 9 се заснова врз т.н. Базелска рамка на правила усвоена од страна на Комитетот за банкарска супервизија која од 1988 година наваму постојано се развива и надополнува. Конкретно ги уредува барањата за работа и надзор над банките и финансиските друштва, соодветноста на капиталот на кредитните институции, финансиското известување на банките, работата и надзорот над пензиските друштва и осигурителните компании, реорганизација и ликвидација на банките со прекугранична активност и сл. Освен тоа, содржи одредби во врска со корпоративното управување, платите и бонусите, регулаторната структура, гарантните и компензациските шеми, итн.

Надлежна институција од страна на ЕУ е Генералниот директорат за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазарна унија на капитал (DG FISMA), а од македонска страна носител е Министерството за финансии, односно Агенција за супервизија на осигурувањето за подрачје 2. Поглавјето се состои од 4 подрачја:

  • Банки и финансиски конгломерати;
  • Осигурување и професионално пензиско осигурување;
  • Инфраструктура на финансиските пазари;
  • Пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги.
Клучни прописи од европското акиКлучни национални прописи
Барања во однос на капиталот, Директива IV, 2013/36/ЕУ и Регулатива I (ЕУ) 575/2013, надополнети со Директива V и Регулатива II од првата на половина на 2019 кои ќе стапат во сила од 2021.
Опоравување на банки со проблеми, Директива 2014/59/ЕУ и Регулатива (ЕУ) 2016/1075 Осигурување и реосигурување, т.н. Директива Солвентност II 2009/138/ЕЗ, Директива 2016/97/ЕУ
Единствен механизам за надзор, Регулатива (ЕУ) 1024/2013
Пазари на финансиски инструменти, Директива (МИФИД)  2014/65/ЕУ и Регулатива (МИФИР) (ЕУ) 600/2014
Злоупотреба на пазарот, Директива 2014/57/EУ и Регулатива (ЕУ) 596/2014 Транспарентност на издавачите, Директива 2004/109/ЕЗ
Транспарентност во трансакциите со хартии од вредност, Регулатива (ЕУ) 2015/2365
Проспекти за хартии од вредност, Регулатива (ЕУ) 2017/1129 Одредници – Benchmarks, Регулатива (EУ) 2016/1011
Осигурување на моторни возила, Директива 2009/103/EЗ Официјална котација на берзата, Директива 2001/34/ЕЗ Конечност на порамнувањата, Директива 98/26/ЕЗ
Финансиски колатерал, Директива 2002/47/EЗ Европски одбор за системски ризици, Регулатива (EУ) 1092/2010
Финансиски конгломерати, Директива 2011/89/EЗ
Гарантни шеми за депозити, Директива 2014/49/EУ
Компензациски шеми за инвеститори, Директива 97/9/EЗ Пензиски шеми и институции, Директива 2016/2341/ЕУ Хипотекарни кредити, Директива 2014/17/EУ
Платежни сметки, Директива 2014/92/EУ Упатства на Европското банкарско тело и Европското тело за супервизија
Закон за банките, со подзаконски акти донесени од страна на Народната банка
Закон за опоравување на банки со проблеми
Закон за осигурување
Закон за финансиски инструменти
Закон за финансиски пазари
Закон за хартии од вредност и подзаконски акти донесени од Комисијата за хартии од вредност
Закон за проспекти за хартии од вредност и обврски за транспарентност за издавачите
Закон за инвестициски фондови
Закон за преземање на акционерски друштва
Закон за задолжително осигурување во сообраќајот
Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осгурување
Закон за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување
Закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување
Закон за платежни услуги и платни системи

Со усогласување на националното законодавство во оваа област, македонските граѓани и инвеститори ќе добијат поголема заштита, поразновидна понуда и поквалитетни услуги на пазарот на финансиски услуги, обезбедени од банки и друштва со поголема стабилност и отпорност кон надворешни шокови. Освен тоа, поголем акцент се става на транспарентноста кон корисниците на финансиски услуги, со цел нивно навремено и точно информирање за сите аспекти на услугите што ги користат и спречување на неправедни практики.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top