Поглавје 35: Останати прашања

Поглавје 35 нема однапред утврдена содржина, односно во текот на утврдување на преговарачката рамка во него може да се додадат области кои не се предвидени во другите поглавја. На пример, во преговорачкиот процес на Србија, поглавје 35 го опфаќа прашањето на Косово и има иста важност како поглавјата 23 и 24. Со други зборови, за Србија напредокот во ова поглавје е предуслов за отворање и затворање на други поглавја, односно за каков било напредок во преговорите. За споредба, Црна Гора нема никакви обврски во поглавје 35. Што се однесува до РС Македонија, можно е во поглавје 35 да се следи напредокот во спроведувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија, иако добрососедските односи се следат и во делот Политички критериуми. Носител на ова поглавје е Канцеларијата на претседателот на Владата.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top