Поглавје 34: Институции

Поглавје 34 се отвора непосредно пред пристапувањето, односно на крајот на преговорите. Тогаш се утврдува бројот на македонски претставници во различните институции на ЕУ, како и гласовите во рамки на Советот на министри, односно Европскиот совет кога се гласа со квалификувано мнозинство[1]. Со членството РС Македонија ќе номинира свој претставник во ЕК, ќе има пратеници во ЕП избрани на непосредни избори, ќе учествува во сите работни тела на Советот на министри и Европскиот совет. Освен тоа, гувернерот на Народната банка ќе учествува во работата на ЕЦБ, ќе номинираме судија во ЕСП, претставник во Советот на гувернери во ЕИБ, претставници во Економскиот и социјален комитет, Комитетот на региони, Судот на ревизори, научно-техничкиот одбор на Евроатом и сите други тела и агенции на ЕУ, според утврдените правила и процедури. Македонските граѓани ќе може да конкурираат за вработување во европските институции, а македонскиот јазик ќе се вброи меѓу официјалните јазици на ЕУ. Носител на ова поглавје е Канцеларијата на претседателот на Владата.


[1] Обезбедување на двојно мнозинство – број на држави членки (55%) и процент на вкупно население во ЕУ (65%). Повеќе за процедурите на гласање во Советот на ЕУ на следниот линк https://www.consilium.europa.eu/en/council-eu/voting-system/qualified-majority/

КАРТИЧКИ

Scroll to Top