Поглавје 33: Финансиски и буџетски одредби

Поглавје 33 се однесува на средствата кои РС Македонија од денот на пристапување ќе ги уплаќа како редовен придонес кон буџетот на ЕУ. Составено е од едно подрачје – Традиционални сопствени ресурси за коешто надлежна институција е Министерството за финансии. Прописите во ова поглавје имаат задолжителна примена и не подлежат на усогласување во националното законодавство.

Во рамки на традиционалните сопствени ресурси спаѓаат прибраните приходи од царини, данокот на додадена вредност и бруто националниот доход на државата. Со цел подобро исполнување на обврските предвидени во ова поглавје, активностите се насочени кон подобрување на наплатата и системите за управување со овие средства и се детално уредени во останатите поглавје (4, 5, 16, 18, 29, 32). Освен правни усогласувања, потребно е јакнење на административните капацитети во овие области, со цел редовно плаќање на обврските кон ЕУ како предуслов за користење на сите придобивки од членството.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top