Поглавје 27: Животна средина

Заштита на животната средина и борба против климатските промени е една од глобалните цели на ЕУ која се стреми да биде светски лидер во оваа област. Прекуграничниот карактер на еколошките појави наметнува потреба кон нив да се пристапи заеднички, со активности регулирани и уредени на европско ниво. Имајќи ја предвид обемноста на европското аки во оваа област (1/3 од вкупното аки на ЕУ), ова поглавје е едно од најтешките поглавја за усогласување, дотолку повеќе што реформите создаваат значителни обврски и за државните и за недржавните чинители и подразбираат големи трошоци. Освен тоа, не е доволно само формално транспонирање, туку посебен акцент се става на практичната примена на законите и токму во тој аспект честопати земјите што пристапуваат бараат преодни периоди.

Целта на политиките во оваа област е да придонесат кон зачувување на здравјето и квалитетот на човечкиот живот, како и да придонесат за одржлив економски развој. Надлежностите на ЕУ во оваа област се поделени со земјите членки и се засноваат на неколку принципи: превентивно делување, пренесување на финансиската обврска на загадувачот – „загадувачот плаќа“ и интегрирање на еколошката компонента како хоризонтална обврска во сите други политики. Во тој контекст се инсистира на воведување и примена на Оценка на влијанието врз животната средина за сите политики и проекти за кои се смета дека би имале влијание врз животната средина, како и на Стратешка еколошка оценка во фазата на одлучување за стратешките приоритети и политики.

Меѓу приоритетите се вбројуваат подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и намалување на емисиите на стакленични гасови, одржливо управување со отпад и поттикнување на циркуларната економија, подобра контрола на штетните хемикалии кои може да завршат во воздухот, водата или почвата и контрола на бучавата. Освен тоа, прописите ја опфаќаат и заштитата на биодиверзитетот во што спаѓа и мрежата Натура 2000, односно европската мрежа на природни заштитени подрачја. Формирана е Европската агенција за животна средина во која РС Македонија има статус на земја-соработник и обврска редовно да известува, а се воведуваат и низа инструменти и алатки за следење и управување со животната средина, како што се Еко-ознаките и ЕМАС – Шемата за еко-управување и ревизија. Воспоставена е и програмата Живот во којашто во периодот 2014-2020 година РС Македонија не учествува.

Освен тоа, во надлежност на Генералниот директорат за климатска активност (DG CLIMA) се спроведуваат активности за борба против климатските промени, се водат преговори на меѓународно ниво во кои ЕУ се залага за построги правила и поамбициозно делување во однос на глобалното затоплување и се спроведуваат мерки за следење на јаглеродните емисии.

Во ова поглавје спаѓа и цивилната заштита што е надлежност на Генералниот директорат за цивилна заштита и хуманитарни операции (DG ECHO). Се воспоставува и Механизмот за цивилна заштита кој РС Македонија веќе го активирала во повеќе наврати со цел добивање на помош од другите држави учеснички (за справување со поплави, мигрантска криза, КОВИД-19 итн.)

Од страна на ЕУ, за останатите аспекти надлежна институција е Генералниот директорат за животна средина (DG ENV), а носител на поглавјето е Министерството за животна средина и просторно планирање. Поглавјето се состои од 10 подрачја:

  • Хоризонтално законодавство;
  • Kвалитет на воздухот;
  • Управување со отпад;
  • Квалитет на водата;
  • Заштита на природата;
  • Контрола на индустриско загадување и управување со ризици;
  • Хемикалии;
  • Генетски модифицирани организми;
  • Бучава;
  • Шумарство (носител е министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство).
Клучни прописи од европското акиКлучни национални прописи
Оценка на влијанието (EIA), Директиви 2011/92/EУ и 2014/52/EУ
Конвенцијата на ОН од Архус за информирање и учество на јавноста, 1998
Еколошка одговорност, Директиви -административна 2004/35/ЕЗ и кривична 2008/99/EЗ
Инфраструктура за просторно информирање, Директива 2007/2/EЗ
Квалитет на воздух, Директива 2008/50/EЗ и имплементирачка директива на ЕК (EУ) 2015/1480, присуство на штетни супстанции 2004/107/ЕЗ, Регулатива (EЗ) 219/2009 и директива на ЕК (EУ) 2015/1480
Праг на национални емисии, Директива 2016/2284/EУ и Протоколот од Гетеборг
Сулфур во горивата, Директива 2016/802/EУ Нитрати, Директива 91/676/EЗ Биоциди, Регулатива (ЕУ) 528/2012
Рамковна директива за отпад, 2008/98/EЗ
Пренос на отпад, Регулатива 1013/2006/ЕЗ
Пакување, Директиви 94/62/ECЗ и 2018/852/ЕУ
Отпадни води и мил, Директиви 91/271/EEЗ, 86/278/EEЗ и 91/271/EEЗ, имплементирачка директива на ЕК 98/15/EЗ Депонии, 1999/31/EЗ Освен тоа, посебни директиви за батерии, рударски отпад, органски загадувачи, отпадни возила, електичен и електронски отпад, итн.
Бучава, Директива 2002/49/EЗ
Цивилна заштита, Директива1313/2013/EУ и Одлука 2019/420
Рамковна директива за води, 2000/60/EЗ
Квалитет на водата, Директиви – за пиење 98/83/ЕЗ (нова директива е во финална фаза на усвојување), за капење 2006/7/ЕЗ
Рамковна директива за поморска стратегија 2008/56/EЗ Поплави, 2007/60/EЗ Подземни води, 2006/118/EЗ
Директиви за птици и живеалишта – Натура 2000
Легислатива врз основа на Конвенцијата на ОН за биодиверзитет, 1992 и Протоколот од Нагоја, 2010, како и Конвенцијата на ОН за меѓународна трговија со загрозени видови (CITES), 1973
Конвенција на ОН за климатски промени, 1992
Договор од Кјото (до крај на 2020) и Договор од Париз (од јануари 2021)
Шумарство и трговија со дрво, Регулативи (ЕЗ) 2173/2005 и (ЕУ) 995/2010
Хемикалии, Регулативи REACH (EЗ) 1907/2006 и CLP (EЗ) 1272/2008
Директиви за индустриски емисии
Легислатива за зоолошки, научни екпсерименти со животни, хумани ловечки замки
Директиви за азбест, жива, испарувања на нафта и штетни супстанции
Еко-ознаки, Регулатива (EУ) No 66/2010 ЕМАС, Регулатива (ЕЗ) 1221/2009
Пакет за енергија и клима на ЕУ 2030 Стратегија за ниско-јаглеродна Европа 2050 Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот
Судска пракса на ЕСП
Закон за заштита на природата
Закон за инспекција во животната средина
Закон за управување со отпадот
Национален план за справување со опустинување и ублажување на ефектите од суши
Стратегија и Програма за инвестиции во животната средина (годишна)
Стратегија за животна средина и климатска акција 2020 – 2030
Национална мониторинг стратегија за животна средина
Закон и Стратегија за климатска акција
Закон за цивилна заштита и спасување
Закон за квалитет на амбиентниот воздух
Закон за контрола на емисии на испарливи органски соединенија при користење бензини Национален план за редукција на емисиите од големите согорувачки постројки од енергетскиот сектор
Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот за период 2020 – 2030 
Национален план за заштита на амбиентниот воздух
Закон за управување со отпад
Закон за продолжена одговорност на производителите
Три закони за посебните текови на отпад (електрична и електронска опрема, батерии и акумулатори и пакување),
Закон за останати текови на отпад (гуми, возила, отпадни масла и текстил)
Национален план за управување со отпад 2018 – 2024
План за спречување за создавање на отпад 2018 -2024
Закон за водите
Национална стратегија за заштита на природата 2017-2027 Закон за индустриски емисии
Закон за хемикалии
Закон за биоцидни производи
Закон за генетски модифицирани организми
Закон за шумите

Преземањето и спроведувањето на обврските од поглавје 27 има директна улога во подобрување на здравјето и квалитетот на живот на македонските граѓани, намалување на товарот врз здравствениот систем и поттикнување на одржлив економски развој.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top