Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права

Поглавје 23 се состои од сите стандарди и принципи што треба РС Македонија да ги постигне, усвои и спроведе за да покаже дека се придржува кон европските вредности и ги исполнува политичките критериуми за членство. Тоа е дел од новините во политиката на проширување воведени по пристапувањето на Бугарија и Романија и покрива дел од суштинските приоритети – владеење на правото, односно независно судство и борба против корупција, почитување на демократските институции и основните човекови права. Заедно со поглавје 24, останува отворено во текот на целиот преговарачки процес.

Имајќи предвид дека државите членки имаат различни правни системи, во поглавје 23 има многу малку правно обврзувачки документи усвоени на ниво на ЕУ и претежно се следат општите принципи кон коишто државите членки се обврзуваат, втемелени во Договорот за ЕУ и други меѓународни договори, како и меки инструменти усвоени од страна на други институции (тела на Советот на Европа, Обединетите нации, ОЕЦД, ОБСЕ итн.)

Основни принципи во однос на судството се: независност и непристрасност на судиите, автономија на обвинителите, објективни критериуми за назначување, промоција и разрешување, отчетност, квалитет на пресудите и ефикасност на процесот. Во однос на борбата против корупција клучно е намалувањето на корупцијата на високо ниво и во јавниот сектор, како и судирот на интерес преку преземање на соодветни мерки и намалување на неказнивоста. Европското аки се состои од прописите во врска со спречување на перење пари, заштита на укажувачи и соработка во поглед на финансиски трансакции (види поглавје 4), како и повеќе меѓународни конвенции.

Кога станува збор за заштита на човековите права, Повелбата за фундаментални права која со Договорот од Лисабон станува правно обврзувачка обезбедува високи стандарди кои РС Македонија мора да ги прифати и применува. Стручна помош во тоа може да добиеме од Европската агенција за човекови права во која имаме статус на набљудувач. Агенцијата, основана во 2007 година е задолжена за собирање податоци, истражување и анализа, подигнување на свеста и поддршка на ЕК во заштитата на човековите права. Во однос на заштита на ранливите категории, во 2006 година се основа Европскиот институт за родова еднаквост, а посебно внимание се посветува и на заштитата на правата на детето (ЕУ Агенда 2011), правата на лицата со попреченост и интеграција на Ромите. Освен тоа, во ова поглавје се следи и заштитата на личните податоци и условите во затворите.

Клучна институција на ниво на ЕУ е Генералниот директорат за правда и потрошувачи (DG JUST), носител на поглавјето од македонска страна е Министерството за правда, а составен дел се следните подрачја:

  • Судство;
  • Антикорупциска политика;
  • Фундаментални права;
  • Права на граѓаните на ЕУ.
Клучни прописи на Советот на ЕвропаКлучни прописи на ЕУ
Конвенција за човекови права, 1950 и дополнителни протоколи
Препорака (2010) 12 на Комитетот на министри за судиите, (2000) 19 за јавното обвинителство, (2006)13 за притвор
Европски насоки за етика и однесување на јавни обвинители (Насоките од Будимпешта, 2005)
Европска повелба за статутот на судиите (1998)
Венецијанска Комисија, Листа за проверка на владеење на правото (2016), компилација на мислења и препораки
Конвенција за борба против корупција и Дополнителниот протокол, Конвенција за корупција во граѓанско право, 1999
Истанбулска Конвенција за спречување насилство врз жените и семејно насилство, 2011
Европска Конвенција против тортура, сурово, нечовечко  и понижувачко постапување и казнување
Рамковна Конвенција за правата на националните малцинства, 1998
Европска социјална повелба, 1961 Судска пракса на ЕСЧП  
Повелба за фундаментални права, 2000
Конвенција за борба против корупција, 1997
Директива за заштита на финансиските интереси на ЕУ (PIF Directive), 2017/1371/ЕУ
Рамковна одлука на Советот за борба против корупција во приватен сектор, 2003
Европски јавен обвинител, Регулатива (EУ) 2017/1939
Еднаквост на расите, Директива 2000/43/EЗ
Рамковна одлука против расизам и ксенофобија, 2008
Родова еднаквост во пристапот до стоки и услуги, Директива 2004/113/EЗ
Правила против говор на омраза – Директиви за аудиовизуелни медиумски услуги 2018/1808/ЕУ и 2010/13/ЕУ
Директива за еднаквост при вработувањето, 2000/78/ЕЗ
Директива за правата на жртвите, 2012/29/ЕУ
Права на децата, Директиви 2016/800/EУ (кривична постапка), 2011/93/EУ (сексуална злоупотреба и експлоатација), 2011/36/EУ (трговија со луѓе)
Директиви за заштита на правата во кривична постапка
Европски налог за заштита, Директива 2011/99/EУ и Регулатива (ЕУ) 606/2013
Компензација за жртви, Директива 2004/80/EЗ
Заштита на лични податоци – општо GDPR регулатива (ЕУ) 2016/679 и заштита при спроведување на законот (ЕУ) 2016/680
Клучни прописи на други институции и организацииНационални клучни прописи и стратешки документи
Конвенција против поткупување на ОЕЦД, 1997 Конвенција на ОН против организиран криминал, 2000 Конвенција на ОН против корупција, 2003
Конвенција на ОН против тортура, сурово, нечовечко  и понижувачко постапување и казнување Конвенција на ОН за минимум стандарди во затворите (т.н. Нелсон Мандела правила)    
Закон за судовите
Закон за Судскиот совет
Закон за Академија за судии и јавни обвинители
Закон за јавното обвинителство
Закон за Советот на јавни обвинители
Закон за кривична постапка
Кривичен законик
Закон за управување со движењето на предметите во судовите
Закон за судскиот буџет
Закон за извршување
Закон за нотаријат  
Судски деловник
Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022
Закон за спречување на корупцијата
Закон за заштита на укажувачи
Закон за финансирање на политичките партии
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси
Закон за извршување на санкциите
Национална стратегија за развој на пенитенцијарен систем
Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Закон за спречување и заштита од дискриминација
Закон за правда за децата Стратегија за Ромите 2014-2020
Стратегија за родова еднаквост 2013-2020
Закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението
Закон за заштита на личните податоци

Со исполнување на обврските од поглавје 23, РС Македонија за своите граѓани ќе обезбеди високо ниво и сеопфатна заштита на правата, подобро функционирање на демократијата, правосудниот систем и институциите задолжени за спроведување на законот. Доследна примена на владеење на правото е исто така клучна за економски раст и развој преку гаранција на правата кои законот им ги овозможува на инвеститорите и компаниите.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top