Поглавје 2: Слободно движење на работници

Една од клучните придобивки за граѓаните на ЕУ е тоа што имаат избор да живеат и работат надвор од својата земја на потекло, во која сакаат земја членка и притоа да ги уживаат истите права и обврски како граѓаните на таа земја членка[1]. Оваа слобода се однесува на вработените и самовработените лица, барателите на работа, пензионерите, студентите и нивните семејства. Во моментов, придобивките од неа ги уживаат 17 милиони граѓани на ЕУ. Во тој контекст, поглавјето 2 уредува различни аспекти во однос на слободата на движење на лица, односно работници како основен принцип на функционирањето на единствениот пазар на труд.

Со законодавството во ова поглавје се предвидува елиминирање на дискриминацијата по однос на националност, потребата од издавање работни дозволи, квоти на работници, поставувањето на јазични барања (освен во случаи кога тоа е разумно и оправдано) и други ограничувања на пазарот на труд. Освен тоа, воспоставен е механизам за координација на специфични аспекти на политиките кои не се уредени на ниво на ЕУ туку се во надлежност на државите членки, електронски систем за размена на информации меѓу државите членки (Electronic Exchange of Social Security Information – EESSI), како и порталот за поддршка на баратели на работа и работодавачи (ЕУРЕС).

Надлежна институција во ЕУ е Генералната дирекција за вработување, социјални работи и инклузија (DG EMPL), а задолжена институција за поглавјето од македонска страна е Министерството за труд и социјална политика. Поглавјето ги опфаќа следните подрачја:

  • Пристап до пазарот на труд;
  • ЕУРЕС;
  • Координација на системите за социјално осигурување;
  • Европска картичка за здравствено осигурување.\
Клучни прописи од европското акиКлучни национални прописи
Слобода на движење на работници, Регулатива (EУ) 492/2011 Олеснување на спроведувањето на правата на работниците, Директива 2014/54/EУ Право на граѓаните на ЕУ да се движат и да живеат слободно на територијата на државите членки, Директива 2004/38/EЗ Координација на системите за социјално осигурување, Регулатива (ЕЗ) 883/2004 и 987/2009 Пензиски права, Регулативи (ЕЗ) 883/2004 и 987/2009,  Директиви 98/49/EЗ и 2014/50/EУ ЕУРЕС, Регулатива (ЕУ) 2016/589 и соодветните спроведувачки одлуки на ЕК Граѓани од трети земји, Регулатива (ЕУ) 1231/2010 Прекугранична здравствена заштита, Директива 2011/24Закон за странци Закон за работа и вработување на странци Закон за работни односи Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност Закон за агенциите за привремени вработувања Билатерални договори за социјално осигурување  

[1] Со извесни ограничувања во поглед на работа во јавната и државната служба, гласачко право и сл.

Во рамки на ова поглавје, по пристапувањето во ЕУ, односно по истекот на евентуални преодни периоди побарани и доделени на иницијатива на некои држави членки, ќе бидат уредени правата на македонските граѓани да:

  • бараат работа во друга држава членка
  • да живеат и да работат во друга земја членка
  • да останат да живеат таму по престанокот на вработувањето
  • да имаат еднаков третман со државјаните на таа земја во пристапот и поддршката до вработување, условите за работа, платата, социјалните надоместоци по различен основ, даночните олеснувања, пристапот до домување и сл.
  • да бидат придружени од членови на нивните семејства на кои им следуваат изведени права.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top