
Заедничката рибарска политика, којашто е ексклузивна надлежност на ЕУ од Договорот од Лисабон наваму, се однесува на управувањето со рибните ресурси, меѓународната рибарска политика, пазарите и трговијата со риба, како и финансирањето, односно Европскиот поморски и рибарски фонд. Со неа прецизно се утврдува еднаков пристап до европските и територијалните води (целосно во сила по 2022), одржливи услови за риболов од економски и еколошки аспект – кога, каде и колку риба може да се лови според новиот принцип на регионализација, обврската за броење на уловот, развој на одржлива аквакултурата итн. Во однос на пазарната организација, се дефинираат критериуми за професионални здруженија, правила за конкуренција, маркетинг стандарди, информирање на потрошувачите и собирање информации за пазарот.
Надлежна институција од страна на ЕУ е Генералниот директорат за поморски работи и рибарство (DG MARE), а од македонска страна носител на поглавјето е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Агенцијата за храна и ветеринарство за подрачјата 2 и 3. Поглавјето се состои од следните подрачја:
- Управување, инспекција и контрола на ресурси и флоти;
- Структурни активности;
- Пазарна политика.
Клучни прописи од европското аки | Клучни национални прописи |
Рамковна Регулатива (ЕУ) 1380/2013 Технички мерки за риболов, Регулатива (EУ) 2019/1241 Организација на пазарот, Регулатива (EУ) 1379/2013 Контрола на рибарството, Регулатива (EЗ) No 1224/2009 Собирање на податоци, Регулатива (EУ) 2017/1004 и имплементирачка Одлука 2016/1251 Регулатива за Медитеранот и Црно Море (EУ) 2019/982 Спречување на нелегално, непријавено и нерегулирано рибарство, Регулатива (ЕУ) 1005/2008 Длабоко море, Регулатива (ЕУ) 2016/2336 Заедничка агенција за контрола на рибарството, Регулатива (ЕЗ) 768/2005 Нелокални видови, Регулатива (ЕЗ) 708/2007 Органска аквакултура, (EУ) 2018/848 Јагули, Регулатива (ЕЗ) 1100/2007 | Закон за рибарство и аквакултура, со подзаконски акти Закон за државниот инспекторат за земјоделство Програма за унапредување на рибарството и аквакултурата Закон за ветеринарно здравство |
Со усогласување на националното законодавство во ова поглавје ќе се постигне унапредување за условите за одржливо рибарство на територијата на РС Македонија, подобрување, односно гарантирање на квалитетот на рибното производство и негов непречен пласман на пазарот на ЕУ.