Поглавје 1: Слободно движење на стоки

Plane trucks are flying towards the destination with the brightest. 3d rendering and illustration.

Слободното движење на стоки е една од суштинските области од самиот почеток на европскиот проект бидејќи е поврзано со четирите слободи на движење во рамки на внатрешниот пазар како темелна вредност на ЕУ (движење на стоки, луѓе – односно труд, услуги и капитал). Целта на ова поглавје е усогласување на националните стандарди во однос на различните производи за да се отстранат трговските бариери (квантитативни и технички) и да се обезбеди непречен проток на стоки на територијата на ЕУ . Опфаќа околу 600 директиви и регулативи кои преку заеднички критериуми на ниво на ЕУ уредуваат околу 80% од стоките. За останатите 20% се воведуваат основни принципи како што е заемното признавање , односно обврската за земја членка да дозволи продажба на нејзината територија на производ кој законски се продава во друга земја членка (освен во посебно определени случаи поврзани со заштита на јавната безбедност, здравјето, моралот и сл.)

Европското аки во ова поглавје покрива аспекти поврзани со техничките стандарди, постапките за стандардизација и акредитација, трговската марка СЕ, надзор на пазарот за производи со потекло од ЕУ и увозни производи, оценка на сообразноста, тела и органи за сертификација и инспекција. Освен тоа, преку воспоставување на заеднички механизми, информациски системи и бази на податоци се олеснуваат достапноста и протокот на информации, можноста за компаниите да се информираат и да реагираат доколку нивните производи се дискриминирани и сл. Од страна на ЕУ, клучна улога има Генералниот директорат за внтрешен пазар, индустрија, претприемништво и МСП (DG GROW), од страна на РС Македонија носител на поглавјето е Министерството за економија, а вклучени се и повеќе други институции и органи кои имаат надлежност во однос на различни аспекти од законодавството. Поглавјето ги опфаќа следните подрачја:

– Општи принципи;
– Хоризонтални мерки;
– Стар приод кон законодавството за производи (строга уреденост преку детални технички спецификации во директивите, помала флексибилност, долги бирократски процедури);
– Нов и глобален приод кон законодавството за производи (само суштинските аспекти се уредуваат во директиви, а техничките аспекти преку процедури за стандардизација);
– Процедурални мерки.

Целта на поглавје 1 е да се овозможи непречен пласман на македонските производи на пазарот на ЕУ и на производите на ЕУ на нашиот пазар. Притоа, се намалува бирократијата и финансискиот товар на компаниите преку воведување на единствени и заемно признати постапки за контрола, тестирање, стандардизација и акредитација. Истовремено се обезбедува поголема безбедност и конкурентност на производите, што води кон подобар квалитет и пониски цени за македонските потрошувачи.

КАРТИЧКИ

Scroll to Top