Транзициони периоди

ЕУ, односно поединечни земји членки може да бараат преодни периоди и подолги рокови за некои прашања од нивен интерес. Тоа се случи со правото за слободно движење на работници од земјите кои пристапија во ЕУ во 2004, 2007 и 2013. Имено, земјите членки имаа можност да воведат ограничувања за одредени категории работници во период од неколку години со цел да го заштитат домашниот пазар на труд.

Искуството од последните проширувања со Бугарија, Романија и Хрватска покажува дека најчесто преодни периоди и отстапки се дозволуваат во областите животна средина, земјоделство и оданочување. По земја, Бугарија добила 28, Романија 33, а Хрватска 44 преодни периоди со просечно времетраење од 2 до 5 години. Во секој случај, причините за отстапките мора да се добро аргументирани од сите аспекти, со точни финансиски импликации и придружени со предлог план и временска рамка за усогласување.


Scroll to Top