Времеплов – МК и ЕУ

Краток хронолошки преглед на пристапниот процес на РС Македонија во ЕУ

 

Стратешката определба на РС Македонија да стане дел од ЕУ датира од 1991 година, односно од осамостојувањето. Тогаш започнува и процесот на постепена интеграција преку преземање напори за приближување и усогласување во различни конкретни области, но и начелно прифаќање на европските вредности, принципите втемелени во Договорите за ЕУ и Копенхагенските критериуми. Од страна на ЕУ, потребата за поблиска соработка и поголемо внимание на целиот балкански регион датира од 1999 година кога започнува Процесот на стабилизација и асоцијација. Перспективата за целосна интеграција на сите земји од Процесот на стабилизација и асоцијација се конкретизира на самитот во Солун во 2003 година.

По добивањето кандидатски статус, РС Македонија започнува со интензивни подготовки за реформи кои би воделе кон полноправно членство под менторство на Генералниот директорат за проширување на ЕК. Во 2006 година, Министерството за финансии ја подготвува првата Претпристапна економска програма (од 2014 позната под името Програма на економски реформи[1]), а во 2007 година, Секретаријатот за европски прашања ја подготвува првата Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА)[2]. Паралелно се формираат и НПАА работни групи за сите поглавја од пристапниот процес кои работат на подготовка на националните законски и подзаконски акти со кои се транспонира европското законодавство, како и Работниот комитет за европска интеграција кој ги обединува претседавачите на сите НПАА работни групи (во рамки на неговиот Поткомитет) и државните секретари. Станува збор за огромна институционална машинерија која вклучува околу 130 државни институции и над 1000 административни службеници и неа ја координира заменикот на претседателот на Владата задолжен за европска интеграција.

Освен тоа, според обврските од ССА, се формираат Совет и Комитет за стабилизација и асоцијација, како и 9 тематски поткомитети кои се среќаваат на годишна основа со заедничко претседавање и присуство на претставници на националните институции и Европската комисија, и тоа:

  • Поткомитет за правда, слобода и безбедност
  • Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци
  • Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција
  • Поткомитет за економски и финансиски прашања и статистика
  • Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика
  • Поткомитет за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој
  • Поткомитет за земјоделство и рибарство
  • Специјална група за реформа на јавна администрација (дополнително создадена во 2010 година како резултат на потребата да се следи поинтензивно реформата на јавната администрација)

Гореспоменатите документи и спроведувањето на обврските преземени во нив, дискусиите на редовните состаноци во рамки на телата ССА, надополнети со документи објавени од релевантни меѓународни организации и граѓанското општество претставуваат извор на податоци и информации за Европската комисија во подготовката на годишните извештаи за РС Македонија кои подоцна се разгледуваат во Европскиот парламент и Советот на министри. Врз основа на тие извештаи се оценува постигнатиот напредок и се донесуваат одлуки за натамошни чекори во пристапниот процес и преговорите.


[1] Повеќе за процесот, целите и содржината на Програмата: Министерство за финансии, Програма на економски реформи 2020-2022, https://www.finance.gov.mk/mk/node/7797

[2] Повеќе за процесот, целите и содржината на НПАА: СЕП, Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), http://www.sep.gov.mk/content/?id=13#.XsOwekQzbIU

 

Клучни датуми во процесот на европска интеграција на РС Македонија

20 jуни, 1996

Воспоставување договорни односи преку склучување Договор за соработка и Договор за транспорт

20 jуни, 1996

16 jуни, 1999

Подготовка на студија за изводливост за подготвеноста на земјата да започне преговори за ССА

16 jуни, 1999

5 март 2000

Почеток на преговори со Европската комисија за ССА

5 март 2000

24 ноември 2000

Финализирање и парафирање на ССА
24 ноември 2000

9 април 2001

Потпишување на ССА

9 април 2001

1 април 2004

Стапување во сила на ССА
1 април 2004

22 март 2004

Поднесување на апликација за членство

22 март 2004

17 декември 2005

Добивање кандидатски статус

17 декември 2005

27 октомври 2009

Прва препорака за отпочнување пристапни преговори од ЕК до Советот на ЕУ

27 октомври 2009

19 декември 2009

Одлука на ЕУ за визна либерализација

19 декември 2009

15 март 2012

Почеток на Пристапниот дијалог на високо ниво

15 март 2012

25 март 2020

Одлука за почеток на пристапни преговори од Советот на ЕУ

25 март 2020
Scroll to Top