Магдалена Лембовска

Магдалена Лембовска е координаторка и виш истражувач за безбедносни прашања во ЕВРОТИНК. Била дел од над дваесет национални и меѓународни проекти поврзани со реформи и управување во безбедносниот сектор, нерегуларна миграција и азил, борба со организиран криминал, екстремизам, добро владеење, анти-корупција и европеизација. Авторка е на бројни анализи на политики, извештаи, прирачници и коментари. Членка е на Мрежата на експерти на Глобалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал, како и на Студиската група за регионална стабилност во Југоисточна Европа на конзорциумот „Партнерство за мир.” Пред да стане дел од ЕВРОТИНК, работеше на Програмата за безбедносна политика во Аналитика Тинк Тенк, Скопје (2012 – 2018). Магдалена Лембовска е алумна на Rotary Peace Fellowship (Бангкок, 2020), а има посетувано програми за професионален развој спроведени од Воената академија на Обединето Кралство, Хашката Академија за локално управување, Канцеларијата на ОН за дроги и криминал, Колеџот во Европа и др. Tаа е магистер на науки од областа на Глобален криминал, правда и безбедност на Универзитетот во Единбург во Обединетото Кралство, како Чивнинг стипендистка.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn
Scroll to Top