Зорица Стрезоска

Зорица Стрезоска е проектен координатор во ЕВРОТИНК од март 2019 година. Започнала како проектен координатор на проект за мониторинг на јавната администрација, а во моментот е координатор на проект за евроинтеграции. Има магистрирано Анализа на Европски Политики на Католички Универзитет во Лувен (Université catholique de Louvain), Белгија и Универзитетот Корвинус во Будимпешта (Corvinus University of Budapest), Унгарија на програмата AFEPA. Студиралa Агроекономија на Факултетот за Земјоделски Науки и Храна при УКИМ, Скопје. Нејзини главни полиња на истражувачки интерес се европски политики, европеизација и процес на преговори, јавна администрација и политики на животна средина.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn
Scroll to Top