Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 (Нетрасиран пат: Граѓани за Поглавје 24)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Ве информираме дека на 01.03.2020 година, ЕВРОТИНК започна со реализација на проектот ”Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 (Нетрасиран пат: Граѓани за Поглавје 24)“  со финансиска и техничка поддршка на Balkan Trust for Democracy – BTD.  Период на траење на проектот е 12 месеци, заклучно со март 2021 година. 

Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција во ЕУ на Северна Македонија во однос на Поглавје 24, со зајакнување на граѓанското општество и граѓаните преку создавање и споделување на информации, градење на капацитети и трансфер на знаење. Поконкретно, идејата е да се зголеми значајниот ангажман на граѓанското општество и нејзините организации во следењето на претстојните фази на интеграција во ЕУ во врска со Поглавје 24 со обезбедување конкретни информации и специфични знаења, како и мрежно поврзување за процесот и неговата динамика.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top