Основна цел на интервенцијата е да придонесе кон подигнување на свеста на јавноста во поглед на ЕУ пристапувањето на земјата и кои се придобивките од тоа. Главна цел на обуката за медиуми е да се зајакне капацитетот на медиумите во Република Северна Македонија во однос на процесот на ЕУ интеграциите, и да се потенцира значењето на овој процес за обичните граѓани преку обезбедување тренинг од страна на искусни и истакнати експерти, новинари и владини претставници кои се специјализирани во процесот на интеграциите во ЕУ. Избалансираното и детално покривање на процесот е еден од предусловите за да се обезбеди ширење на релевантни и квалитетни информации за јавноста.
