Спроведување на Договорот од Преспа
Share
На 27.02.2020, во хотел Holiday Inn, Скопје беше одржан завршен настан на тема: „Спроведување на Договорот од Преспа“ од страна на Евротинк – Центар за европски стратегии и канцеларијата „Friedrich-Ebert-Stiftung “ во Скопје, а поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора.
На настанот се дискутираше за спроведувањето на Договорот од Преспа досега, со презентација на краток документ на јавна политика со наслов: “The Prespa Agreement one year after ratification: from enthusiasm to uncertainty?”, како и видео материјал и времеплов на Договорот од Преспа, создаден во соработка помеѓу грчки и македонски аналитичари и новинари.
Извршниот директор на Евротинк, Иван Стефановски имаше поздравен говор на настанот. Поздравни забелешки за соработката меѓу Република Северна Македонија и Канада упати г-н Брајан Ебел, политички советник на Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора. На панелот говорници беа гости од Грција, новинарката Александра Вудури и професорот Иоанис Армаколас. Македонски говорници беа Иван Стефановски, Извршен директор на ЕВРОТИНК, како и новинарката на КЛАН ТВ, г-а Билјана Георгиевска, а модератор на дискусијата беше Ева Елереит, Директорка на “Friedrich Ebert Stiftung” канцеларијата во Скопје.
Настанот беше организиран во рамките на проектот „Усогласување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција преку следење на спроведувањето на Преспанскиот договор” (дел од SYMPHONY – Програма за зближување меѓу Северна Македонија и Грција), финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, со поддршка од Амбасадата на Канада во Белград, а имплементиран од ЕВРОТИНК.