Ресурсна платформа за граѓани и медиуми MK&EU

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

На 27.02.2020, во хотел Солун, Скопје беше презентирана и пуштена во употреба интернет страницата – ресурсна платформа, за пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ – “МК&ЕU”, како дел од проектот “MK&EU – НАУЧИ, СПОДЕЛИ, ВКЛУЧИ СЕ!”, дел од програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СЦД), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска), а имплементиран од страна на ЕВРОТИНК – Центар за Европски Стратегии и НВО Инфоцентар.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Иван Стефановски имаше поздравен говор, а почесен говорник беше г-н François Lafond, советник на вицепремиерот за европски прашања, кој ја поздрави платформата и го истакна нејзиното значење, со аспирации истата да продолжи да се користи и надополнува со најнови информации во иднина. Ресурсната платформа беше презентирана од страна на Зорица Стрезоска, проектна координаторка во ЕВРОТИНК.

Презентацијата беше одржана во присуство на претставници од институциите, дел од амбасадите, граѓанските организации и медиумите.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа