Презентација на Петтиот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК и дискусија за предностите и негативностите на 5г технологијата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, на 14ти февруари, го презентираа Петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Презентацијата беше проследена со дискусија за предностите и негативностите од 5G технологијата. 

На настанот беа презентирани наодите од периодичниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК за периодот септември – декември 2019.

Наодите од следењето на работата на АВМУ ги презентираше Билјана Бeјкова, Извршна директорка на HBO Инфоцентар, која истакна дека АВМУ го задржа континуитетот на солидно отчетно и транспарентно работење, официјалната интернет-страница на Агенцијата редовно се дополнува со документи и со други информации поврзани со нејзината работа, а седниците на Советот се јавни. Бејкова говореше дека и во овој период на мониторинг Собранието не ги избра новите членови на Советот на АВМУ, Уставниот суд не покрена постапка за оценување на уставноста на членови од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и за Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите. АВМУ ги реализира сите предвидени редовни програмски и административни надзори, како и низа други активности што произлегуваат од нејзиниот мандат како регулаторно тело.

Горан Лазаров, Проектен координатор од Евротинк – Центар за Европски Стратегии се осврна на работата на АЕК за време на периодот кој беше предмет на мониторинг. Лазаров потенцираше дека АЕК го задржа континуитетот на солидно отчетно и транспарентно работење. За поздравување е зголемената активност на својата Фејсбук-страница. Записниците од состаноците на Комисијата на АЕК се единствениот начин за информирање на граѓаните за работата на највисокиот орган на АЕК. Површното објавување информации во записниците не ја задоволуваат нивната основна функција и дополнително ги загрозуваат транспарентноста и отчетноста на регулаторот. Препорача целосна промена на пристапот на изработка на записниците. За унапредување на јавноста во работењето, потсети на веќе искажаната констатација дека е потребно да се пристапи кон подетален опис на јавните набавки, јавните состаноци и состаноците на Комисијата на АЕК на самата интернет-страница. Упати на потребата од покомплетни и подетални информации за јавните набавки на АЕК, вклучувајќи ги и одлуките за склучување договори и договорите за јавните набавки. Воедно да се врати претходната пракса на објавување на спроведените јавни набавки на интернет-страницата на АЕК.

Свое излагање имаше и Димитар Буковалов, од Министерството за Информатичко општество и администрација – МИОА, Претседател на Национална канцеларија за бродбенд компетенции (БЦО) кој зборуваше за мерките превземени од страна на БЦО во поглед на пробивањето на новата технологија на македонскиот пазар.

Игор Бојаџиев, од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) дискутираше за Акцискиот план за 5G технологијата и даде подетален осврт на предностите кои оваа технологија ќе ги донесе.

Бардил Јашари од Фондацијата Метаморфозис направи паралела помеѓу 5G технологијата и човековите права, и потенцираше дека е важно во иднина експертската јавност повеќе да е вклучена во оваа тема и поотворено да се дебатира за предностите и негативностите од новата технологија.

На настанот имаше претставници од институциите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), амбасади и граѓански сектор. 

Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“ кој е финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК за периодот мај – август 2019 година, можете да го преземете на следниов линк.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top