ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес
Ние & Јавност
Работни програми
Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Соопштенија
ОГЛАС ЗА РАБОТА: Позиција: ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
Share
Име на проектот | Со критичко мислење до граѓани со медиумска писменост – КриТинк |
Проект бр. | IPA/2017/393-851 |
Име на позиција | Проектен координатор |
Локација | Скопје, Македонија |
Период на траење | Jaнуари 2018 – 31 Декември 2020 |
Обем на работа | Полно работно време, 40 часа неделно |
ОПИС НА ПРОЕКТОТ:
Главната цел на проектот е да се промовира медиумската писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура на критичко размислување, плурализам на мислење и демократски вредности. Со цел да се придонесе за постигнување на севкупните цели, следниве специфични цели ќе бидат остварени во временската рамка на проектот:
- Да се поттикне култура на критичко размислување преку едукација на пошироката јавност за штетното влијание на манипулациите со медиумите врз демократијата и европските вредности;
- Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации (ГО) и медиумите за решавање на манипулациите со медиумите (вклучително и говор на омраза) преку подобрување на нивото на медиумска писменост преку заедничко вклучување со државните институции;
- Да се зголеми побарувачката на граѓаните за одговорни медиуми преку јавно образование, промовирање на професионални стандарди и меѓународни практики кои ја штитат слободата на мислење и изразување.
УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:
Проектниот координатор ќе го поддржи проектниот тим одговорен за имплементација на проектот и ќе го поддржи Проектниот менаџер на средбите со клучните странки, партнери, засегнати страни и други организации. Координаторот ќе работи со директен надзор на проектниот менаџер и во секојдневна соработка со персоналот на проектот. Проектниот координатор ќе ги координира истражувачките активности и јавните настани, ќе ја поддржи организацијата на проектот, ќе следи планирање и спроведување на проектите, поддршка на евалуацијата и известување.
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ:
- Во соработка со проектниот менаџер ќе управува со целокупното планирање и проектните активности;
- Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
- Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со персоналот на проектот, како и со распределбата на ресурсите и буџетот;
- Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со персоналот на проектот, како и со распределбата на ресурсите и буџетот;
- Во соработка со проектниот менаџер, ќе закаже и олесни состаноци на проектниот тим;
- Идентификува потребните ресурси и доделува индивидуални одговорности;
- Предлага и спроведува соодветни процедури за работа;
- Во соработка со Менаџерот на проектот ќе изврши надзор или спроведување на постапките за набавка на услуги и стоки;
- Да ја олесни проценката на понудите и да одобри плаќања;
- Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група и партнери;
- Во соработка со Менаџерот на проектот ќе го следи и оценува напредокот на проектот;
- Во соработка со Менаџерот на проектот, го поддржуваат подготвувањето на извештаите за донаторот и организацијата;
- Ќе ги координира и следи сите истражувачки активности на проектот;
- Ќе ја координира и менторира работата на грантистите и ќе ги разгледа нивните привремени и финални наративни извештаи;
- Заедно со другите членови на проектниот тим ќе бидат вклучени во спроведувањето на обуките за грантистите;
- Ќе биде надлежен за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;
- Други активности во согласност со проектниот документ.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски и докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
- Способност за аналитичко и критичко размислување;
- Личен интегритет.
Заинтересираните лица да достават CV и мотивационо писмо на info@eurothink.mk, најдоцна до 17.02.2020.