LOADING

Type to search

Одржана петтата Школа за европска политика насловена како „Градење на комуникациски стратегии за евроинтеграции во време на неизвесност и дезинформации”

Граѓаните за европски реформи ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Работни програми

Одржана петтата Школа за европска политика насловена како „Градење на комуникациски стратегии за евроинтеграции во време на неизвесност и дезинформации”

Share

На 2-ри и 3-ти декември 2019 год. се одржа петтата Школа за европска политика организирана ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии. Школата за европска политика е традиционална активност за градење на капацитетите и вмрежување која ЕВРОТИНК ја одржува на годишно ниво. Целта на настанот е да придонесе кон подобро разбирање на процесот на евроинтеграции помеѓу претставниците на граѓанските организации, медиумите и други чинители.

Овогоденешниот настан имаше за цел да им помогне на граѓанските организации и на новинарите подобро да го разберат контекстот и случувањата кои го детерминираат дискурсот за проширувањето на европско ниво, како и да ги оспособи за градење на ефективни стратегии за застапување на теми поврзани со евроинтеграциите. Следниве сесии беа дел од Школата:

  • „Проширување наспроти консолидација на ЕУ: наративи, перцепции и предизвици за европската јавност” со Флоран Марсиак, експерт за политиката на проширување на ЕУ
  • „Иднината на проширувањето – натпревар или солидарност во Западен Балкан?” со Флоран Марсиак, експерт за политиката на проширување на ЕУ
  • „Институции, структури и процеси – со кого всушност преговараме?”, Филип Тосевски, експерт за евроинтеграции
  • „Борба против лажни вести и дезинформации како предизвик при застапување за евроинтеграции” со Бојан Кардалов, специјалист за комуникации и нови медиуми
  • „Застапување за реформи во специфични области од Поглавје 23 и Поглавје 24 – учеството на граѓанскиот сектор во пристапните преговори на Р. Србија со ЕУ” со Соња Стојановиќ Гајиќ, експертка за добро управување и реформа на безбедносен сектор
  • „Застапување за реформи на европско ниво: запознајте го својот соговорник во ЕУ” со Соња Стојановиќ Гајиќ, експертка за добро управување и реформа на безбедносен сектор
  • „Градење синергии помеѓу граѓанските организации и медиумите” со Билјана Бејкова, експертка за комуникации

Школата за европска политика во 2019 год. беше великодушно поддржана во рамки на проектот „Граѓаните за европски реформи“ финансиран од Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

Tags:

Leave a Comment