Јавно мислење: Дали Северна Македонија ќе започне преговори со Европската Унија годинава?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

На 15 октомври 2019 година, во просториите на ЕВРОТИНК се одржа информативен настан со учество на медиумски работници. На настанот тимот на ЕВРОТИНК ги презентираше најновите податоци од истражувањето на јавното мислење ЕВРОМЕТАР.

Според анкетата*, поддршката на македонските граѓани за членство во ЕУ останува висока, додека инаку високите очекувањата за брзо членство во ЕУ се намалени. Речиси половина (47,7%) од граѓаните на Северна Македонија очекуваат позитивен исход од претстојниот Европски совет. Анкетните податоци и натаму го потврдуваат трендот на значителна општествена поларизираност во однос на прашањата поврзани со пристапувањето на државата на ЕУ – етничките Албанци и поддржувачите на СДСМ и ДУИ се поголеми поддржувачи на интеграцијата од етничките Македонци и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нацрт-извештајот од податоците е достапен на следниот линк.

* Анкетата беше спроведена од страна на М-Проспект во периодот 27 септември – 14 октомври 2019 година на репрезентативен примерок од 1000 испитаници со +/- 3.1% маргина на грешка. Тимот на ЕВРОТИНК е креатор на анкетниот прашалник, а М-Проспект е одговорен за методолошката исправност на истата. Анкетата е спроведена во рамките на проектот Граѓаните за европски реформи, кој ЕВРОТИНК го реализира со финансиска поддршка на Фондацијата отворено општество.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top