Трета краткорочна мобилност во Мадрид, Шпанија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Од 18 до 23 септември во Мадрид, Шпанија се одржа третата краткорочна мобилност – меѓународна активност за учење , во која земаа учество претставници од ЕВРОТИНК – Центарот за Европски стратегии, училиштето Сан Карлос од Мадрид, Шпанија и “Центарот за образовна интеграција на децата и учениците од етничките малцинства – CEIEDEM” од Бугарија како водечка организација. Настанот е дел од проектот „Ethnic minority integration school hub“ од програмата Еразмус плус, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики.

Програмата за мобилност вклучи работни посети на институции и организации кои работат со деца од ранливи групи, средби со претставници на државните институции кои се одговорни за образовната интеграција во Шпанија како и организирање на Вебинар на кој се презентираа практиките на сите три држави околу процесот на интеграција и социјализација на деца и студенти од различни етнички групи

Проектот има за цел да создаде и развие меѓусекторска мрежа за споделување и пренесување на добри практики во областа на спречување на напуштање на училиштето (рано напуштање на училиштето) на учениците од ранливите групи и тоа првенствено преку собирање и размена на знаењата, подобрување на превенцијата во однос на раното напуштање на училиштето, како и подобрување на практиките за интервенција.

Проектот е финансиран од програмата Еразмус + на Европската Комисија преку Центарот за развој на човечки ресурси.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top