Средба со Неговата екселенција Стефан Дион, Специјален пратеник на канадскиот Премиер за Европа и Европската Унија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

На 22 јули 2019 год. во просториите на ЕВРОТИНК се одржа средба со Неговата екселенција Стефан Дион, Амбасадор на Канада во Германија и Специјален претставник за Европа и Европската Унија. Амбасадорот беше придружуван од неговата советничка, г-а Џена Рене Мартинузи и г-н Брајан Ебел, Советник во Амбасадата на Канада во Белград. На состанокот се разговараше за реформскиот процес, тековните политички случувања, како и клучните реформски приоритети од аспект на граѓанското општество.

Г-а Магдалена Лембовска и г-н Александар Стојановски од ЕВРОТИНК го запознаа Амбасадорот Дион со тековната работа на здружението, како и со плановите за работа во однос на проектот за хармонизација на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Грција, преку мониторинг на имплементацијата на Договорот од Преспа, поддржан од Канадскиот фонд за локални иницијативи. Покрај тоа, нашите истражувачи дадоа свое гледиште за можностите за идната канадска поддршка во реформскиот процес на земјата и изградба на либерално, демократско и инклузивно општество.

ЕВРОТИНК им се заблагодарува на граѓаните и институциите на Канада за нивниот интерес и поддршка во регионот.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа