Dimitar Nikolovski

Димитар Николовски работи како постојан истражувач при Институот за напредни студи во Кисег, Унгарија. Исто така, тој е докторанд на Високата школа за општествени истражувања при Полската академија на науките во Варшава, Полска, каде ги истражува односите помеѓу популизмот и граѓанското општество во Југоисточна Европа. Студирал политички науки на Правниот факултет во Скопје (додипломски), Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (постдипломски) и универзитетите во Сараево и Болоња (постдипломски). Има работено во неколку тинк-тенкови во Македонија и Босна и Херцеговина, и моментално соработува со Центарот за европски стратегии Евротинк во Скопје. Неговите истражувачки интереси се граѓанскиот активизам во Централна и Источна Европа, и неговите односи со некои од најактуелните современи теми, како што се евроинтеграциите, уназадувањето и предизвиците на демократијата, миграциите, како и десните популизми и екстремизми во Европа.

Share

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn
Scroll to Top