LOADING

Type to search

Зошто Европа? Зошто сега? Пет причини зошто Европскиот совет треба да утврди датум за отворање на пристапните преговори со Македонија

Публикации

Зошто Европа? Зошто сега? Пет причини зошто Европскиот совет треба да утврди датум за отворање на пристапните преговори со Македонија

Share

Овој документ за јавна политика ја анализира тековната ситуација со пристапувањето на Македонија во ЕУ. При анализата на процесот, документот ја зема предвид состојбата на ЕУ-форија во македонското општество и нивото на јавна поддршка за пристапувањето, како и наодите од Извештајот на Европската комисијата објавен во април 2018 година, додека дискусијата се темели на различни медиумски извештаи, дебатата на Самитот во Софија, и Стратегијата за проширување со Западен Балкан. Исто така, документот ги користи податоците од анкетните истражувања #Еврометар2017 и #Еврометар2018, како и анализите од ДНЕВНИКОТ за пристапувањето, Компаративната анализа на Извештаите на ЕК и медиумските написи и официјалните документи на Владата и на Европската Унија. Преку анализа, документот се обидува да одговори на две суштински прашања: „Зошто Европа?“ и „Зошто сега?“, и истовремено нуди список со пет причини зошто Европскиот совет треба да утврди датум за отворање на пристапните преговори со Македонија.

Tags:

Leave a Comment