Овој документ за јавна политика ја анализира тековната ситуација со пристапувањето на Македонија во ЕУ. При анализата на процесот, документот ја зема предвид состојбата на ЕУ-форија во македонското општество и нивото на јавна поддршка за пристапувањето, како и наодите од Извештајот на Европската комисијата објавен во април 2018 година, додека дискусијата се темели на различни медиумски извештаи, дебатата на Самитот во Софија, и Стратегијата за проширување со Западен Балкан. Исто така, документот ги користи податоците од анкетните истражувања #Еврометар2017 и #Еврометар2018, како и анализите од ДНЕВНИКОТ за пристапувањето, Компаративната анализа на Извештаите на ЕК и медиумските написи и официјалните документи на Владата и на Европската Унија. Преку анализа, документот се обидува да одговори на две суштински прашања: „Зошто Европа?“ и „Зошто сега?“, и истовремено нуди список со пет причини зошто Европскиот совет треба да утврди датум за отворање на пристапните преговори со Македонија.