Дневник на пристапувањето – ЗАПИС 3 – ПОЛОВИНА ЧЕКОР НАПРЕД

83ec91f97b1f7fd7992e3aa2

Дневникот на пристапувањето (натаму Дневникот), или на англиски Accession Log, е нова алатка на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, преку која се следи работата на Владата на Република Македонија, развојот на европските политики, имплементирањето на итните реформски приоритети и редовниот политички дијалог Македонија – Европска Унија или, со други зборови, процесот на пристапување во Европската Унија. Дневникот ќе се обиде да ги анализира и клучните случувања, како што се: состаноците на Советот на ЕУ, Европскиот совет или друг тип состаноци на високо ниво; различните документи кои ги објавува Европската Унија, а се поврзани со политиката на проширувањето; како и другите глобални случувања кои влијаат врз политиките на Европската Унија, а со тоа и врз политиките на Република Македонија. Конечно, преку Дневникот ќе се следат и другите процеси, политики, документи и случувања кои се поврзани со стратегискиот приоритет на Македонија – да стане дел од ЕУ и од НАТО.

Scroll to Top