ЕВРОМЕТАР 2018 – Добрососедски односи и надворешна политика

05ff16f913c65743096b5241

Истражувањето се осврнува на добрососедските односи помеѓу Македонија и Грција, како и Македонија и Бугарија, а го изработи Евротинк, за заеднички потреби со Фондацијата Фридрих Еберт. Анкетното истражување беше спроведено од 01 до 23 март 2018 година, со прашања кои во голем дел се поклопуваат со прашањата поставени на анкетно истражување во соседна Грција, спроведно речиси во истиот период. Во документот се достапни информации од анкетните истражувања за двете држави, со што се овозможува и компаративна анализа. Испитувањето на јавното мислење направено страна на агенцијата М-Проспект од Скопје, преку компјутерски асистирана телефонска анкета во на репрезентативен примерок од 1043 испитаници со +/- 3.03 % маргина на грешка. Методолошката исправност на анкетата е одговорност на М-Проспект, додека прашалникот беше подготвен од тимот на ЕВРОТИНК. Анкетно истражување е спроведено во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт.

Scroll to Top