ОСНОВЕН ДОКУМЕНТ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЕФИКАСНОСТА, ЕФЕКТИВНОСТА, ТРАНСПАРЕНТНОСТА, ОДГОВОРНОСТА И ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС НА АВМУ И АЕК

3cb6c0f5f4ff158cf2b9bc6c

Суштината на демократските системи лежи во механизмот на контрола и повратна спрега (checks-and-balances) кој се рефлектира врз работењето во секое поле на дејствување на регулаторните и надзорните тела бидејќи клучна карактеристика на демократските системи е квалитетната контрола во насока на заштита на јавниот интерес. Во таа смисла, доколку се спроведува системот на контрола, корупцијата и недоследното работење во областа што се контролира би биле минимизирани. Имајќи го предвид ова, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и партнерите, со проектот „Мониторинг на регулаторните тела за медиумите – PROformance watch“, имаат за цел да го мониторираат работењето на АВМУ и АEK, односно, да утврдат кои се нивните силни и слаби страни, како и која е нивната отпорност на надворешни влијанија и притисоци. Овој прв документ ја претставува основната рамка за поставеноста на регулаторите и ги дава основите на методологијата на мониторинг.

Scroll to Top