Истражување: Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Македонија?

4c87f98bd1227be57083022c

НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, го реализираа истражувањето „Каков попис и избирачки список ѝ се потребни на Република Македонија?“. Истражувањето се однесува на постојните модели на спроведување пописи (традиционален, базиран на регистри и комбиниран) и нивната применливост, иницирано од најавата на Премиерот за „електронски попис“ во државата, на евентуалната поврзаност на пописот со прочистувањето на избирачкиот список, како и на можните начини за ефикасно прочистување на избирачкиот список. Во подготовката на овој документ учествуваа: м-р Бојан Маричиќ, м-р Љупчо Петковски, Билјана Бејкова и Христена Антовска Јованчева.

Scroll to Top