Поттикнување на пазарната конкуренција, зголемување на економската ефикасност и заштитата на благосостојбата на потрошувачите во современите општествено- економски услови се издвоија како инхерентни цели на политиката за заштита на конкуренцијата (ПЗК). Нејзините активности треба да бидат насочени кон обезбедување на услови за развој на ефективна пазарна конкуренција која ќе резултира во подобра алокација на ресурсите и раст на иновациите од која корист ќе имаат потрошувачите изразена преку понуда на поголем обем на производи со повисок квалитет, а со пониски цени.