Овој бриф за јавна политика го третира проширувањето на ЕУ и неговиот ефект врз сиромаштијата во државите пристапнички. Проширувањето на ЕУ се смета дека е моќна алатка за намалување на сиромаштијата во земјите што пристапуваат.Од членството во ЕУ се очекува да донесе интензивирани капитални приливи и трговски размени за земјите кои пристапуваат, подобрување на институционалниот капацитет на овие земји, подобрување на севкупната ефикасност на системот и зголемување на меѓународната конкурентност