Овој информативен документ, (Insight Paper) нема да препорачува решенија за профилот на главниот македонски преговарач, ниту пак ќе застапува концепт за улогата на Собранието, или модел на граѓанско инволвирање во преговорите за пристапување во членство во Европската Унија. Идејата на документот, како што вели и неговото име, е да ги информира граѓаните и да помогне во отворањето на дебата за овие две мошне значајни прашања.